речник контакт

Тоше Ончев, трето засилување за РК Бисинов

Ончев игра на позицијата лев бек

Петар Печков

Трето засилување за РК Бисинов од Велес. Новото име е Тоше Ончев, кој игра на позиција лев бек.  Тој измината сезона настапуваше за екипата на РК Голден Арт од Скопје. 

Ончев кој има 27 години, имаше и меѓународна кариера, играше за Вернуј од Франција, Фаикас Корфу од Грција и Тримо од Требиње Словенија. Во Македонија има настапувано за скопски РК Вардар, РК Работнички, РК Охрид.

Се враќа во Велес, наредната сезона ќе настапува  за РК Бисинов а почетоците му се во РК Борец, кога тренирал кај Никола Бисинов.

Тој е трето засилување за следната натпреварувачка сезона, дебитантска во Супер лигата за РК Бисинов. Претходните денови на клубот му пристапија крилата Зоран Стојановски и Мартин Димов.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »