речник контакт

ТрМр во 2017-та го читале повеќе од 310 илјади посетители

Тие прочитале 1.847.179 текста. Ланската зимата и студот предизвикаа најмногу внимание и читаност. ТрМр ви благодари за довербата

Петар Печков

Тирековмирече -  велешкиот портал, изминатата година  пишуваше за настани кои беа дел од живеењето во градот, културата, спортот, економијата, екологијата, црната хроника, животни приказни.   

ТрМр откри дека   реката Бабуна пресуши, после 20 години за прв пат, дека од 47-те  скапи палми останаа уште 4,  дека Дервен засадува садници во Градски парк, велешани ги крадат, дека не знаеме каков воздух дишиме оти мерните инструменти не работат подолго, имаме мерна станица  на УХМР ама никогаш не ги дознавме температурите во градот,   дека во Маркард стасаа до 500 вработени, дека на велешани им треба бувљак,  дека железничката станица иако е готова уште во  октомври 2016-та  сеуште е затворена. ТрМр пишуваше и за Индијците кои ја купија Порцеланка а ги нема никаде,  за Киро Ќучук кој повторно се затвори,  за социјалците и болни кои на 40 степени пешачеа со километри за да дојдат до бесплатен ручек, за тоа што по шест гдоини конечно еден дел од жителите на Хабитат  зградите добија асфалтирана улица,  за неверојаните фрески и откритија во манастирот Св., Димитрија, за велешаните кои се најдоа на  листата на десетте најдобро платени македонци. ТУШ си замина од Велес, Хотелот Интернационал со нов газда започна да се  реновира, за отворањето на новата црква Св. Кирил и Методиј.       

Бројките најдобро зборуваат за работата. Статистиката  вели дека лани ТРМР  го читале 318.543 посетители наспроти   283.949  од година претходно  Тие отвориле 1.158.294  пати  што е повеќе отколку во 2016-та - 908.578  пати 

Или овие читатели  прочитале 1.847.179 текста  што е повеќе отколку една г одина претходно -   1.618.721 текст.

Просечно секој од Вас се задржувал  на порталот 1 мин. и 4 сек. Лани имало 25 отсто нови читатели.

На порталот можевте да прочитате 1.158  вест од кои само десетина не  беа авторски поточно  преземени од други извори.  Ова за креативноста.   

Најчитани се  железничкиот возен ред, автобускиот возен ред ,па црната хроника и дежурствата на аптеките. Овие сервисни информации  ТрМр ги нуди бесплатно без надомест од службите а во интерес на граѓаните, кои очигледно им требаат и ги бараат.  

А еве ги 10-те најчитани текстови лани. 

 

Ни снегот ни студот не им пречи      9.818

Крстот во Велес го фати Влатко Стојанов (фото и видео)      9.432

Вербалниот напад, заврши со тешка повреда на сосетката     7.879

Славица и Дејан први се венчаа во новата црква Св. Кирил и Методиј (фото)   7.783  

Двајца велешки гинеколози обвинети за смрт на новороденче   7.203

Орце Коцевски командир на ПС Велес       7.154

Како велешанката Муриса ја запроси дечкото Емир (видео)     6.977

Помагајте не убија, сведочење на соседите   6.896 

И Велес си доби улица на чадорите     6.873 

Тепачка на базен, натепани скопјани  6.786

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »