речник контакт

ТрМр истражува, ги познавателе ли лицата од фотографијата

Нобеловецот за хемија од 2013-та година, Мартин Карплус, на минување неколку дена престојувал во Велес 1955-тата и има желба да дознае кои се двајцата велешани кои ги фотографирал

Петар Печков

Ќе ги препознавте ли двете личности на оваа фотографија, од Велес 1955-та година. Таа има интересна историја која ја раскажа велешанецот Златко Василковски доктор на науки професор на Бостонскиот Универзитет.  Фотографијата је направена од Мартин Карплус, добитник на Нобеловата награда за хемија во 2013 година. 

Тој во студентските години 1955-та година минува патува со негов автомобил низ Југославија. Разбирливо што поминал и низ Македонија, секако и во нејзиниот централен град Титов Велес. д-р Карплус бара помош да се открие идентитетот на овие две лица, татко и син, Колата на минување му се расипала низ Велес и тој морал да остане неколку дена додека се поправи.

Кога прашал каде може да престојува евтино на неколку денови, некој велешанец го прифатил и останал кај нив, додека автомобилот се поправал. Според пријатните сеќавања на Мартин, целата фамилија каде престојувал, бесплатно ја споделила со него скромната храна што ја имале но и големото гостопримство кое широко го дале. 

За време на ова патување Мартин, кој е роден во Виена 1930,  во писмото кое го испратил до неговите родители во Бостон, радосно раскажал дека немал проблем со комуникација, бидејќи населението знаело да зборува на германски.

На  Нобеловецот Мартин Карплус, кој е на 93 годишна возрст, ќе му биде мило доколку дознае кои се лицата од фотографијата од Велес 1955-та година, но не може да се прецизира дали се тоа домаќините, или некои други велешани кои ги фотографирал за спомен. Мартин Карплус е професор од Харвард.

Кај него велешанецот Златко Василковски го работел докторатот  и го напишал предговорот за книгата „Мултиверзум за почетници“ која неодамна ја објави.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »