речник контакт

Традиционални занаети во Велес

Калајџии

Аница Солева

Во минатото, велешани, најчесто користеле бакарни садови за готвење. Поради зеленикавиот слој, што од влагата се јавува на бакарните садови, нивната површина се заштитува со тенок слој од калај кој одвреме навреме треба да се обнови. Калајџиите биле стручњаци за прекривање на бакарните садови со калај, а вршеле и поправки на сите оштетени бакарни садови. Казаните, котлите и ѓумовите за вода се калаисувале поретко, а најчесто се калаисувале котлињата кои виселе на отворените огништа покујните. Во градовите најмногу се задржале бакарните тепсии со различна големина, украсени со убави филигрански гравури. Во ХХ век, во Велес, имало само тројца калајџии кои биле принудени да одат по селата во потрага по работа. Денес овој традиционален занает е исчезнат. Сепак поедици ги зачувале семејните традиции и од време навреме, умеат да му се вратат на калајчиството кое се применува за заштита на бакарни предмети што граѓаните-вљубеници во традицијата сеуште ги чуваат во домовите, најчесто како украс. Текстот е извадок од CD-то „My Veles“ Носител на проектот e ЗГ ,,АМАНЕТ,, / NGO ,,AMANET,, Продукција: NET STUDIO – total production Уредник: Данчо Стефков/Danco Stefkov

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »