речник контакт

Трактор за малку ќе влеташе во новиот велешки театар

Сантиметри го делеле возилото пред да влета во зградага и ги оштети столбовите.

Петар Печков

Малку требаше трактор да влета во  новата зграда на велешки театар и го оштети предворјето на зградата.  Инцидентот се случи околу 11 часот вчера, кога тракторот, кој за себе имал прикачено и  приколка излетал од улицата Благој Ѓорев, неконтролирано се движел и сопрел пред театарот. Сантиметри го делеле возилото пред да влета во зградага и ги оштети столбовите. 

 

Слушнавме силен звук и тресок. Тракторот почна неконтролиранод а вози лево - десно, тркалото се  откачи, мина на левата страна и некако кабината едвај сопре преда да удри во зградата. Среќа во несерќа е што ниту возачот е повреден ниту објектот е оштетен. Возачот ни објаснуваше дека му се скршила осовината, па тркалото излетало, ете тоа била причината - велат таксистите сведоци на настанот, кои беа од другата страна на улицата.

Од театарот потврдија дека нема оштетувања на нивната нова зграда, освен неколку метални ,,П,, столпчиња кои се во функција возилата да не влегуваат на платото од објектот. Очевидците додаваат дека токму тие столпчиња спречил тракторот да удри во театарот. Од СВР Велес го потврдија инцидентот и додаваат дека  нивна екипа излегла на терен и ги истражува причините за излетувањето на возилото.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »