речник контакт

Тракторист паднал од возилото и се здобил со тешки телесни повреди

Инцидентот се случил на селскиот пат кај Кочилари

Петар Печков

Тракторист потешко е повреден, поради што е препратен на скопските клиники. Инцидентот се случил утрово околу 8 ч. на селскиот пат кон Кочилари.  Со повреди се здобило лицето А.К. (68 год) од Велес при пад од трактор. СВР Велес го потврди инцидентот.

„Повредено е лице  по пад од трактор. Имобилизиран  е, дадена потребна нега и препратен на ортопедија од велешка болница“ - соопшти д-р Васе  Пановска началник на Итната помош од Велес.

„Донесено е лице повредено при пад од трактор. Снимањата покажаа скршеница на карлица и исчашување на рамо. Поради спецификата на повредите, пратен е на клиника во Скопје“ -  информира д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »