речник контакт

Тракторист тешко повреден во судар со автомобил

Сообраќајката се случила на месноста Ѓубриште

Петар Печков

Четвртокот наутро, тракторист е тешко повреден во сообраќајка, која се случила на месноста Ѓубриште. Полицијата со повеќе детали. 

Нна  27 јуни  околу 6.35 часот во близина на место викано „Ѓубриште“-општина Велес, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен Берлинго“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(52) од Неготино и трактор со велешки регистарски ознаки, управуван од К.Т.(83) од Велес. Во незгодата возачот на тракторот К.Т. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес информираа од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес по што ќе бидат познати причините за сообраќајката.

 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »