речник контакт

Тракторист физички нападнал двајца полицајци, заработи притвор

Р.П. (63 год) од Велес ги удирал полицајците со боксови

Петар Печков

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против Р.П. (63 год)  од Велес,  за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста.

Инцидентот се случил на 23 август, околу 23ч. кога осомничениот нападнал двајца полициски службеници од СВР Велес, нанесувајќи им телесни повреди.

„Откако управувајќи трактор не сопрел на зададените звучни и светлосни предупредувања од полицајците, туку продолжил да се движи кон индустрискиот дел од градот, оштетените со полициско возило го стигнале. На знак од еден од оштетените со светлечка палка СТОП и гласно упатено барање да запре, осомничениот свртел со тракторот во лево и продолжил да се движи во правец директно кон оштетените. Со тракторот удрил најпрвин во едниот, а потоа и во другиот полициски службеник. Полицајците се обиделе да го запрат, но тој продолжил да ги удира со боксови. Кога конечно успеале да го совладаат, им се заканил дека ќе го запаметат, како и дека ќе ги уништи нив и нивните семејства“- соопштија од ОЈО Велес. .

Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото, особено со оглед на упатените закани кон оштетените, јавниот обвинител доставил предлог на осомничениот да му се определи мерка притвор. Судијата на претходна постапка од Основен суд Велес го прифатил предлогот и на осомничениот му определил притвор во траење од 8 дена.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »