речник контакт

Трансформација на АРМ

Македонија пред предвидениот рок, крајот на 2007 година ќе ја реализира трансформацијата на Армијата...

Петар Печков

Македонија пред предвидениот рок, крајот на 2007 година ќе ја реализира трансформацијата на Армијата изјави денес Генерал Мирослав Стојановски командант на Генералштабот на АРМ при промоцијата на командата за обука која е лоцирана во велешкиот гарнизон Алексо Демниевски Бауман.

- Ова не го работиме заради поголеми поени за членство во НАТО, туку затоа што се стекнаа објективни услови тоа да го сториме. Со оваа промоција се заокружува процесот на трансформација а до крајот останува уште трансформација на Воената Болница и промоција на третата ресерван бригада - рече Стојановски на промоцијата на нови 52 водника.

Командата за обука е темелот врз чија основа ќе почива едукацијата на професионалните војници и подофицерите на АРМ. Со ова е напуштен стариот концепт на образование и обука по што  неколку курсеви наназад се изведуваат по критериумите на НАТО, што е врв на овој процес.

За трансформација ни остана третата ресерван бригада, која не е борбен состав туку база на специјалности од каде што ќе се пополнуваат останатите состави. Со оваа промоција АРМ сто посто, во борбените состави, е трансформирана - изјави министерот Лазар Еленовски.

Промоцијата на Командата започна до 45 минути задоцнување поради отсутсвото на министерот, што предизвика незадоволство кај станските воени атешеа кој присуствуваа на свеченоста.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »