речник контакт

Трансформерите, Бен Афлек, Роберт Де Ниро и воен спектакл од Втора светска војна, на кино репертоарот следните седум дена (видео)

Четири премиери оваа седмица на кино репертоарот на 3Д киноверзум Велес

Петар Печков

Дури четири премиери оваа седмица се на  кино репертоарот на 3Д киноверзум Велес.

Седмиот дел серијалот за трансформерите, насловен како „Трансформери раѓање на ѕверот“  е  американски научно-фантастичен акционен филм од 2023 година, заснован на линијата играчки Transformers на Хасбро,  под влијание на приказната за Војните на ѕверот. На репертоарот е е четврток, сабота, недела, понеделник и среда.

Премиера има и новиот филм на Бен Афлек, „Хипнотик“: Тој е детектив, татко кој  го истражува исчезнувањето на неговата ќерка и поврзаноста со тајна владина програма. Ќе се прикажува петок, недела и вторник.

Премиера има и комедијата „За мојот татко“ со Роберт де Ниро.  Себастијан го информира својот татко, традиционален италијански имигрант  Салво за неговиот план да ја запроси својата девојка Американка, а Салво инсистира да им се придружи на викенд со нејзините родители. Ќе се прикажува четврток и среда.

Само петок ќе се прикаже финскиот  воен филм „СИСУ“.   Сместен во финска Лапонија за време на Втората светска војна, филмот следи поранешен легендарен фински командоси и трагач на злато кој се обидува да го обезбеди своето украдено злато и да се одбрани од германскиот одред на смртта предводен од брутален СС офицер.

На репертоарот е и најгледаниот филм во светот изминатиот викенд  американскиот „Малата Сирена“ работен според истоимената бајка на Ханс Кристијан Андерсен, продукција на студиото Волт Дизни. Тоа е музички филм во кој настапува и Хали Бери како Ариел. Се прикажува во сабота и понеделник во попладневниот термин. Млада и убава сирена по име Ариел, склучува договор со злобна морска вештерка за да го размени својот преубав глас за човечки нозе, за да може да го открие копнениот свет и да го импресионира принцот во кој е заљубена.


Цртаниот филм  „Човек пајак- ширум вселената“ ќе се прикаже сабота, недела и вторник. Мајлс Моралес се катапултира низ Мултиверзумот, каде што наидува на тим Пајак-Луѓе задолжени да го заштитат неговото постоење. Хероите се судираат за тоа како да се справат со нова закана.

Германски  цртан филм  „Зајачка академија „невозможна мисија -јајца“ насинхронизиран на македонски ќе се прикаже недела попладне.   Училиштето за зајаци е на штрек, подмолниот градски зајак Лео сака да го уништи Велигден еднаш засекогаш. Во договор со лисиците, тој планира да ги уништи сите велигденски јајца.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »