речник контакт

Трајче Шопов нов претседател на ОФС, избран и нов УО сo докажани фудбалери

Фудбалот се врати на фудбалерите во ОФС Велес

Петар Печков

Нов претседател на Општинскиот фудбалски сојуз Велес е Трајче Шопов, поранешен фудбалер на ФК Борец.  Ова е едногласна одлука на делегатите од редовното годишно изборно  собрание одржано неделата вечер во општинската сала.

Шопов беше кандидат на ФК Локомотива ТИМ од Градско и меѓу симпатизерите на фудбалот во Велес, важи за исклучителено чесен, одговорен и човек и фудбалер, во одбраната на ФК Борец. 

На собранието право на глас имаа делегатите од сите фудбалски клубови од Општинска фудбалска лига, кои се натпреваруваат во системот, клубови од ОФС Велес во Третата фудбалска лига,  во Втората фудбалска лига, на ЖФК Борец, на КФМ Кеги моби, на тренерската организација (пет), на судиската организација (пет) и истакнати спортски работници (исто така пет).  

„Не очекува многу работа. Ќе работам чесно и поштено, како што знам да работам, ферски, спортски, да придонесам за развојот на фудбалот во градот и општината. Отчетно и достапен до клубовите, транспаренто, со меѓусебно почитување. Да направиме нешто за фудбалот за Велес“ – кажа Шопов за ТрМр. Тој има четири годишен мандат.  

Изгласан е Управен одбор на ОФС Велес во состав: Трајче Шопов, секретар Ивица Тасевски, Ангел Темелков, Љубе Велковски, Горан Манасиев, Славче Костов, Петре Ранготов, Благој Лефков, Зоран Ристовски, Благојче Тодоровски и Цане Будимов.  

Делегати од ОФС Велес за ФФМ се Трајче Шопов, Славче Костов, Кирил Лазов, Љубе Велковски, а нивни заменици се Горан Манасиев, Ангел Темелков, Благој Лефков и Благојче Тодоровски.

Претставник на ОФС Велес во ОУ на ФФМ е Славче Костов. 

Надзорен одбор се: Горан Шоповски, Марјан Сотиров, Димитар Стојанов,  Благој Диковски и Тони Тонев.  
На следниот состанок на УО на ОФС Велес, ќе биде избран потпретседател.

Претходно во два мандати претседател беше Лазе Ракиџиев а потпретседател Роберт Гочевски.

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »