речник контакт

Тргна 25 јубилејна Вардарска регата, втор пат до Солун (фото)

Педесетина учесници, утрово од Мало мовче тргнаа кон Солун

Петар Печков

Педесетина учесници, утрово од Мало мовче тргнаа на 25 јубилејна Вардарска регата. Тие шест дена ќе пловат   до Солун, преки Криволак, Демир Капија, Еврозни, Акропотамис и Солун.

Меѓу учесниците има и гости странци од Србија и БиХ. Тие пловат на 12 чамци. Меѓу учесниците е и Владо Стојановски, кој има најдолг стаж на учество. Плови од почетоците на регата и од 2010 откако е возобновена. 

„Грешат тие што мислат дека ако еднаш си пловел, се е  веќе исто. Никако, секое патување е различно доживување. Ќе пловам се додка можам и здравјето ме служи“ – кажа Стојановски.

Со помош на Електрани на Македонија, нивото на реката Вардр од Велс беше зголемено во oдноc нa вчера. Ткави се најавите и за утре, со зголемен испут на вода од езерото Козјак. Додека од сабота кога ќе минат низ клисурата Демир Капија, ќе се пушта вода од Тиквешко езеро. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »