Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 септември 2013
На брегот на езерото Младост се одржа третиот по ред меѓународен риболовен куп ,,Кркушка,,. На него земаа учество 23 екипи што е рекорд на една ваква манифестација во земјава.
Имаше и пет од странство, четири од Србија од Ужице, Ниш, Лебане и Дољевац и една од Бугарија од Ќустендил. Токму оваа екипа на Митерсон победи уловувајќи најмногу риба, пред екипата од Јабланица Лебане а трети беа риболовците од Доем Крива Паланка.
Ова е традиционално дружење на рибарете од регионот. Затоа и уловената риба во договор со концесионерот на езерото ја вративме по натпреварот во водите на Младост. Освен тоа се збратимивме и со екипата од Ѓетиња Ужице – изјави Марјан Кралев претседател на ЗСРРК ,,Кркушка,, од Велес.
Чинот на збратимувањето беше впечатлив со парче печен леб во вид на риба, а гостите на домаќините им дадоа нивна ракија сливовица и вишновка, како и тегло од слатко од јагоди да се заблажат домаќините, откако тие ги пречекале со лут пинџур.
Tweet |