речник контакт

Трет пораз за ЖФК Борец во Лигата на шампионките

Борец – Клаксвик 0:2 (0:1) Стрелци: Rannvá Andreasen 16, Olga Kristina Hansen 69, Удари кон гол: Борец 5, Клаксвик 6 корнери: Борец 5, Клаксвик 7,

Петар Печков

И трет пораз за велешанки во квалификациите за Лигата на шампионките на турнирот кој се одигра во Литванија во Шјаулиа. Борец имал три сериозни шанси за да постигне почесен гол но не успеа, па загуби од првакот на Фарските Острови со 2:0, полувреме 1:0.

Првото место во групата го освои лондонски Евертон кој во последната средба со 7:0 го победи домаќинот Гинтеа Универзитет, па успеа да влезе во следната фаза од натпреварите на Лигата на прваците.

Велешанки, освојувачи на двојната круна на македонскиот женски фудбал, првак и освојувач на купот, и даваат седум првотимки во репрезентацијата на Македонија заминаа оптимистички, дека можат да постигнат две победи во Литванија а се враќаат како последно пласирани без постигнат гол и со примени 16 гола.

извор и фото: uefa.com

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »