речник контакт

Трета вонредна крводарителска акција, понеделник на 22-ри јуни

Акцијата ќе се одржи во Ликовен салон во време од 9 до 14ч.

Петар Печков

Поради вонредната состојба во Државата има ниско ниво на залихи со крвни единици. Затоа Црвениот крст во соработка со Институтот за Трансфузиона медицина  одлучи во Велес да се одржи  третата вонредна крводарителска акција годинава. Акцијата ќе се одржи на 22-ри јуни  годинава во просториите на Ликовен салон  со почеток од 9 до 14 часот.

Состојбата со крводарувањето се стабилизира во месец мај кога се собраа 261 крвна единица. Во април беше далеку од просек со само 122 крвни единици. Ги повикуваме сите крводарители кои сакаат да учествуваат на истата да дојдат и да дадат придонес за здравјето на населението - изјави Орце Николов секретар на ОО на Црвен крст на Велес.  

На крводарителската акција ќе се применуваат сите стандарди и процедури согласно состојбата во која се наоѓаме. За разлика од претходните две вонредни крводарителски акции во април и мај, на оваа нема да има телефонско закажување.  На двете претходно вонредни акции беа собрани по идентични 63 крвни единици.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »