речник контакт

Трета година по ред се намалува бројот на починати во велешко

Hајмногу одобренија имало за гробиштата на црквата Св. Пантелејмон 188

Петар Печков

Се намалува бројот на починати  лица во Велешко,трета година по ред. Според  добиените податоци од ЈКП Дерен во текот на 2023 година издадени бил вкупно 555 одобренија за погреби, наспроти 618 дозволи за погреб во 2022 година.

Од лани издадените најмногу одобренија имало за гробиштата на црквата Св. Пантелејмон 188, па во гробиштата во Раштани 185 и во Св. Спас  123. Останатите 59  се по селата или на муслиманските гробишта.

Само за потсетување дека во 2021 година според бројките на издадени дозволи за погреб од страна  на ЈКП Дервен, за градот Велес лани имало 677 починати за 365 дена.  Тоа беше  највисока бројки на починати во Велес и велешко, после војната 1945, откако се води евиденција.   За споредба  во 2020-та година имало  584 починати.

„Во овие бројки се опфатени сите погреби кои се случиле изминатите 365 дена.  Тука  се погребани сограѓани кои починале и во други градови, старечки домови, болници, лица кои починале надвор од државата, но се донесени да се почиваат во родниот крај“ - велат од ЈКП Дервен, кој ги издава овие одобренија.

Има случаи на велешани починати во странство кои по нивна желба се кремирани, но за нив нема потреба од дозвола за погреб, и тие не се влезени во бројот на починати и погребани во Велес.

За илустрација во 2018-та година за Општина Велес биле издадени  528 одобренија за погреб, од нив 473 биле во градот Велес  а во 2014-тата односот бил 494 во Велес  а 648 заедно со селата.

Минатата година во Велес имало шест  самоубиства, четворица биле мажи и две жени, соопштија од СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »