речник контакт

Трета работилница за превенција од дијабетес

Се одржа меѓу членовите на здружението на пензионери Велес а ја организираше ОО на Црвен крст Велес

Петар Печков

Продолжуваат активностите на Општинската организација на Црвен крст Велес, за превенција на дијабетес.  Во просториите на Здружението на пензионери во Велес се одржа третата работилница за превенција на дијабетес , во рамки на проектот „Здраво стареење“.

„Целта е лицата од трето доба најпрво преку презентација и предавање од лекар да се информираат за дијабетесот, да ја запознаат болеста подобро, нејзините симптоми, последици и превенција, а потоа и практично да се делува доколку има таква потреба. Затоа на работилниците се врши и мерење на нивото на шеќер во крвта и се пополнуваат анкетни прашалници кои најмногу се однесуваат на видот и начинот на исхрана“ - соопшти  д-р Кевица Шопова Клифова претседател на Општинската организација на Црвен крст од Велес, која  ја одржа работилницата.

На истата присуствувале  34 лица на возраст над 60 години. Проектот „Здраво стареење“ се реализира уште во 10 градови низ државата.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »