речник контакт

Третина од велешките бебиња се родиле во друг град од земјава

Од 294 бебиња родени од мајка со адреса на живеење Велес, 100 се родени во други градови а 88 на клиниките во Скопје а дел и во Битола но и во други градови од земјава

Петар Печков

И лани како и во2019-та и  2018-та година, секое трето бебе, со адреса од родителите на место на живеење во Велес е родени надвор од велешка Болница. Бројките покажуваат дека од  294 бебиња, 100  се родени во други градови а 88 на клиниките во Скопје а дел и во Битола но и во други градови од земјава. Така останува трендот на породување на велешките жени во метрополата.

Ова се податоците од  ЈЗУ Здравствен дом, служба за превентивна здравствена заштита за предучилишните деца.
Овој тренд е присутен   и во  велешките села, но и соседната општина Чашка. Додека во годините наназад жените од велешките села за породување оделе во акушерското одделение на велешка Болница, како и жените од соседната Општина Чашка, во 2020-та дел од нив решиле да се породуваат во главниот град.

Така 16  отсто од бебињата во велешките села се родени во Скопје, од Општина Чашка 28 проценти.   Во Општина  Чашка има еден случај на породување во домашни услови. Во Општина Градско дел од новороденчињата, 25 отсто на свет дошле во болницата во Кавадарци.   

ТрМр претходно објави дека лани во Општина Велес се родиле 514 бебиња, според адреса на живеење  што е за 86 помалку отколку во 2019-та година.  Во ЈЗУ Општа Болница Велес, на акушерското одделение во  2020-та биле родени  412 бебиња, според место на раѓање,  или за  61 помалку отколку во 2019-та. 

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »