речник контакт

Третиот дел од „Мојата дебела грчка свадба“ премиерно на 3 Д киноверзум м(видео)

Нови филмови се и хоророт „Калуѓерка2“ и цртаниот „Миа и јас“

Петар Печков

Три филмски премиери на репертоарот на 3Д киноверзум до следната среда

Комедијата „Мојата дебела Грчка свадба 3дел“ може да се гледа секој ден до среда од 20 ч..  Фамилијата Портокалос патува во Грција,  се враќа кај корените, во родното село на нејзиниот татко. Патување исполнето со љубов, топлина и непредвидени случки.

1956 - Франција. Свештеник е убиен. Злото се шири. Продолжение на светскиот хорор хит, Калуѓерка 2 ја следи сестра Ирена како се соочува со Валак, демонската калуѓерка. Секоја вечер во доцниот термин од 22ч.

Анимираниот филм „Миа и јас“  ќе се прикаже четврток, сабота и недела од 18ч. Миа открива дека нејзиниот магичен камен е дел од античко предвидување и тргнува на неверојатно патување кон најдалечните острови на Сентопија, за да се соочи со големото зло и да ја скрои својата судбина.

Најгледаниот филм изминатиот викенд во светот „Израмнувачот 3“ со Дензел Вашингтон ќе се прикаже вторник. Главниот јунак се справува со мафијата на Сицилија.

Американски компјутерски анимиран суперхеројски филм од 2023 година, „Нинџа желки -мутантски хаос“  во режија на Џеф Роу, седми дел од авантурите на Нинџа желките. После долги години скриени од човечкиот свет, Нинџа желките се обидуваат да бидат прифатени од њујорчани како нормални тинејџери. Нивната нова другарка Април им помага да победат мистериозна криминална група но тие наскоро се наоѓаат во неволја кога друга група на мутанти ги напаѓа нив. Се прикажува петок попладне.

Среда попладне   се прикажува  блокбастерот  „Мег 2 патување во длабочините“.  Џејсон Стејтам и неговиот тим се враќаат во истражувањето на Маријанската бразда, каде се соочуваат со нови застрашувачки чудовишта.  Огромните ајкули се предизвик кој треба да се совладаат. Многу адреналин во вториот филм од оваа успешна  постава од 2018-та.

Приказната  „Опенхајмер“, за Ј. Роберт Опенхајмер и неговата улога во развивањето на атомската бомба, исто така голем летен хит по светските кина  ќе може да се погледне понеделник  во вечерниот термин.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »