речник контакт

Третите ленти од улиците Благој Ѓорев и 8-ми септември, откако СВР Велес не дозволува да бидат паркинг зони а се, локалната власт сака да ги претвори во велосипедски патеки

Понудените цени биле формирани по сеопфатни анализи, со градови каде има зонско паркирање, споредбено со Штип, Битола, Струмица, Кавадарци

Петар Печков

Најавата за платениот паркинг во Велес ги запали страстите, граѓаните се поделени, едни подржуваат, други не. Реакциите за воведување на платено зонско паркирање, за градоначалникот  Коцевски се очекувани, и вели дела кога се прават промени по навиките на граѓаните,  првите чекори се тешки.

Една од големите дилеми меѓу велешани  е  дали ќе има ред со паркирањето во градот, ако и натаму главните градски улици,  Благој Ѓорев и  8-ми Септември останат  место за паркирање, иако таму не е дозволено според сообраќајните знаци.  Овие две улици се дел од регионален пат и на нив МВР не дозволува да се овозможи паркирање. Иако тоа во пракса е секојдневие и повеќе стотина возила таму се паркирани.  

Многу пати сме разговарале со сообраќајната полиција при СВР Велес . Тие знаат дека таму е забрането паркирањето и затоа не дадоа согласност.  Затоа работиме на друго решение. Третата лента каде сега се паркираат возила на овие две улици,  планираме да биде трансформирана во велосипедска лента. Се разбира за тоа е потребна  дозвола повторно од МВР“ - вели Коцевски.   

Тој бара од сограѓаните, за да нема метеж со паркирањето,  да ги променат навиките,  да се користи времениот паркинг до Мало мовче и  паркинзите од левата страна близу Автобуската станица, како и времениот на местото од поранешниот АТД диспанзер, кој е во подготовка.    

Велес заслужува да биде уреден град, без хаос на тротоарите, јавните површини, каде ќе има ред и  ќе се зајакне безбедноста на пешаците.   Понудените цени  се  дадени по сеопфатни анализи, со градови каде има зонско паркирање, споредбено со Штип, Битола, Струмица, Кавадарци и не отстапуваат од нивните - додаде Коцевски. 

Вели дека работат и на Катна гаража, близу до Автобуската станица, но тоа бил  обемен и долготраен проект.  

Останува дилемата дали Стар мост ќе биде и натаму место каде се паркираат возила, исто како и на приодот до Железен мост. Градоначалникот немаше одговор  на прашањето, дали овие простори е предвидено да бидат платени  паркинг зони.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »