речник контакт

Трето полувреме премиерно, в петок во Велес!!!

Ќе се прикаже во два термини од 18 и 20,30 часот во салата Бели мугри.Билетите се бесплатни

Петар Печков

Заживува кино магијата во Велес. По пауза од  повеќе  години, во градот ќе биде прикажан филм, овој пат премиерно најновиот македонски игран филм ,,Трето полувреме,,.  Велешани ќе имаат можност да го гледаат в петок од 18  и 20,30 часот во салата Бели мугри. Ова доаѓа откако во понеделникот беше доделен дигитален кино проектор на Националниот центар за култура ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, ( читај театарот). Билетите се бесплатни, но заради  избегнување на гужвите, потребно е да се резервираат.

„Трето полувреме“ е приказна за неколку луѓе собрани околу најважната работа во светот - фудбалот, во најтурбулентното време во историјата на светот - Втората светска војна. Тоа е приказна за играчите на ФК Македонија и нивниот Германско-Еврејски тренер Рудолф Шпиц, кој ги води низ патот кон титулата шампион на Нацистичката фудбалска лига. Ова е приказна за основачот на клубот Димитрија, кој треба да избере меѓу својата љубов кон неговиот тим и неговата лојалност кон Новиот Поредок.

Ова е приказна за неговиот најдобар напаѓач Коста, познат шверцер кој се вљубува со една убава богата девојка. Ова е приказната за Ребека, Еврејска принцеза на зрно грашок, која прифаќа со неа, во нејзината мала соба, да живее фудбалер (со тоа се измолкнува од горчливата судбина на нејзиниот народ). И најпосле - ова е приказна за фудбалот, игра што во тие страшни времиња е повеќе од игра: тој е бојно поле помеѓу Доброто и Злото!

Трето полувреме е македонски филм во режија на Дарко Митревски и сценариот на Гргур Струјиќ. Филмот е инспириран од вистинските случки во Македонија за време на бугарската окупација во втората светска војна. Играат Сашко Коцев, Катерина Ивановска, Раде Шербеџија, Игор Ангеловски, Ѕвезда Ангеловска, Петар Арсов, Митко Апостолов, Бедија Беговска, Гораст Цветквоски...

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »