речник контакт

Три години за убиство во обид

Амедовски кој берел грозје, со нож го прободел контролорот. Тој пак на судењето молел сторителот да не оди во затвор

Петар Печков

Јасмин Амедовски (23 год) од Струмица  доби три години затвор за убиство во  обид, кое се случи пред две години во село Пирава - Валандовско.

Тој со нож му нанел убодна рана на велешанецот Стојан Милошевски ( 68 год) кој работел како одговорен на гајби, при берба на грозје. Амедовски го признал делото за кое му се судеше, изразил жалење и каење по што во Основен суд Велес бил прогласен за виновен и му била изречена казната затвор во траење од три години.

Настанот според обвинението се случил на 5-ти октовмри  2016 година околу 12 часот во  месноста викана „Пиравска плантажа“, во камп со монтажни бараки за берба на грозје.  Дошло до  меѓусебна расправија на  Амедовски  и  Милошевски, при што со нож со алуминумска дршка и должина од  24 цм. Јасмин во стомакот го прободел Стојан, го фрлил ножот и побегнал.   

Оштетениот  освен што не се приклучил кон гонење на  обвинетиот, туку побарал од судијката да не го  осудува со затворска казна.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »