речник контакт

Три години затвор за силување на малолетник

Велешанецот Славчо Н. (50 год) доби три години затвор за силување на шеснаесет годишно момче.

Петар Печков

Во текот на втората половина на месец декември 2009 година и првата половина на месец јануари 2010 година во вечерните часови во неговата куќа, осудениот врз оштетениот малолетното лице М.Ѓ во четири наврати извршил полово дејствие, силување.  Детето го запознал пред обложувалница и од него барал услуги да му ги уплатува ливчињата, така се зближил, по што започнал сексуално да го искористува.

При првиот наврат со употреба на сила и закана со нож го силувал,  и заканувајќи му се дека ќе го истепа ако каже некому за тоа што му го правел. Во следниот период тоа го повторил уште три пати, иако детето се спротивставувало и го проколнувало да престане да се изживува врз него. Детето за ова кажало на неговите другари и на училиште, по што случајот полицијата го  откри случајот. Врз основа на сведочењата, наодите на вештите лица и докторите,  иако Славчо Н. го негирал делото, тој  е прогласен за виновен и му е досудена казна затвор од три години.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »