речник контакт

Три години затвор и во повтореното судење на екс градоначалникот на Чашка, за легализацијата на ПД Чеплес

Горанчо Пановски се товари за кривичното дело „злоупотреба на службена положба“

Петар Печков

И во повторениот судски процес, Во Основен суд Велес,  во кој обвинет е   поранешниот градоначалник на Општина Чашка Горанчо Пановски, тој  неправосилно е осуден на три години затвор,  за легализацијата на Планинарскиот дом „Чеплес“.

Според претседателот  на петочлениот кривичен совет Валентина Ѓорѓиевска,,  Пановски во времето кога бил на функцијата градоначалник го сторил кривично дело „злоупотреба на службена  положба“ по што беше погласен за виновен и му беше изречена истата казна како и пред  две и пол години, која Апелациониот суд од Скопје ја врати на ново судење.

Во образложението за пресудата  судијката Ѓорѓиевска кажа дека  Општина Чашка немала допирни точки со инфраструктурата  изградена на  Планинарскиот дом „Чеплес,“ ниту имала сметки да докаже дека работела со него, ниту го изградиле ниту владеела со објектот.

Обвинетиот Пановски во својство на градоначалник, во периодот од 02.09.2011-та до 30.04.2013-та година , ја искористил својата службена положба  при што прибавил значителна имотна корист за Општина Чашка во вкупен износ од 4.058.566 денари, а на штета на оштетените Федерација на Планинарски спортови  и  здружение Планинарско спортски клуб ”Солунска глава”- Велес и спротивно на Законот за утврдување на правен статус на нелегално изградени објекти , иако знаел дека Општина Чашка никогаш не била корисник  ниту имател на ПД Чеплес, приложил изјава заверена на нотар , по што домот подоцна во Агенцијата за катастар  е впишан како сопственост на Општина Чашка - ја образложи пресудата судијката Ѓорѓиевска.

Планинарскиот дом „Чеплес“е подигнат 1952-та година преку доброволни акции и средства од фирми и граѓани и предаден на стопанисување на ПД Солунска Глава. Сопственикот ПД Солунска глава е испратен на граѓански спор за надомест на штетата.  Пресудата не е правосилна.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »