речник контакт

Три дена по ред велешани дишат многу зaгаден воздух со ПМ10 честички

На 30 декември биле измерени 137 мг/м3 на 31 биле 125 мг/м3 и на 1 јануари 92,5 мг/м3. Остануваат препораките да не се излегува на отворено наутро и навечер

Петар Печков

Двата последни дена од минатата 2023 година, Велес се гушеше во загаден воздух а слично беше и првиот ден од Новата 2024 година.

Измерените вредности на ПМ 10 честички изминатите три дена покажуваа виски концентрации на ПМ 10 честички во воздухот. на 30 апаратите на Министерството за животна средина измериле на 30 декември  137 мг/м3 на 31 биле 125 мг/м3 и на 1 јануари 92,5 мг/м3. 

Бидејќи двата последни дена од ланската година вредностите биле над 100 мг/м3, надминат е прагот на информирање, кога граѓаните треба да се запознаат  со квалитетот на воздухот кој го дишат. А тој бил лош и загаден.

Во ваквите прилики, вообичаени се препорачува да не се излегува на  отворено на утро и навечер, да се носат заштитни маски за лицата кои имаа хронични болести, да не се користат автомобили непотребно. 

Измерените вредности во овие три дена, покажуваат декa истражувањето на локалните власти од 2016 година, дека домаќинствата се најголем загадувач биле во целост точни а многу помалку загадуваат сообраќајот и индустријата. За потсетување дека овие три дена немаше ниту интензивен сообраќај, ниту пак работеа индустриските капацитети во градот.

Екстремно високо загадување се регистрира во попладневните часови од 16 па до 22 ч. Високи се и часовните вредности на ПМ2,5 честичките, на СО, ЅО2,  но нивните вредности не се објавуваат во дневни средни вредности.  

Месец декември до 2023 година ќе остане забележан по тоа што до 31 дена, дури во 22 имало повисоки вредности од граничните 50 мг/м3.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »