речник контакт

Три децении домаќинка во манастирот Св. Димитрија

Уште една епизода од ,,Лицата на Велес,,. Николина Мечалова замина в пензија

Петар Печков

 

По 31 година работа во манастирската кујна велешанката Николина Мечалова замина во пензија. Таа три децении ја подготвуваше празничната трпеза во манастирот Св. Димитрија, првиот четврток и петок по Велигден. 

Половина работен век го минав тука. Подготвував и ручек и вечера. Идеа едно чудо народ. Додека селата беа големи, многу народ идоаѓаа од таму. Ама се запустија селата и нема толку народ. Тие и спиеја во манастирот, ќе ручаа па ќе си отидат. Горе има кревети. Манастирот беше преполн. Правевме и по 500 чинии јадење. Имаше за сите, или делевме додека имаше, кога ќе снема, нема. Сега последните години нема повеќе ручек во петок, само четврток вечер вечера  - вели     Николина Мечалова.

Менито се состоело од неколку јадења шкето, јанија, компирно и безеље.  Таа за овој ден станувала рано, рано. Уште в зори доаѓала за да може да ја подготви вечерата. Прво го варела месото, па го пржела и потоа се додавало зајрето. 

Во 6-те саатот поручек  вечерата стасуваше. Ја делевме после 8-те саатот. Сега повеќе не можам да работам. Нозете не ме држат. Заминав од јануари, по смртта на сопругот Трајче, кој беше домаќин тука. И еве по толку време вечерва на славата дојдов на гости. Имам убави, прекрасни спомени од тука, убаво поминав. Не можам да го заборавам тоа време. Велешани идеа тука и во социјализмот и сега. Никогаш не престанаа. Манастирската слава беше голем празник. од кога знам за себе велешани иделе ваму. Така било отсекогаш - додава Николина.    

Таа подготвувала вечера и кога биле   славите на останатите цркви околу Св. Димитрија, Св. Недела, Св. Петка, Св. Никола и Св. Јован. Годинава за прв пат е гостинка. Вечерта за прв пат по толку години беше подготвена во ресторан,  во Розе салата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »