речник контакт

Три и пол години затвор за велешанецот кој силуваше сосетка

М. С. (56 год) го признал делото

Петар Печков

Велешанецот М. С. (56 год) кој беше обвиент дека силувал сосетка, во два наврати, во Основен суд Велес го признал делото, прогласен е за виновен  и му е изречена казна затвор од 3,5 години. Тој и побарал и веќе ја отслужува затворската казна. 

Според обвинението М. С.  извршил обљуба врз 64-годишна жителка на Велес, на  17-ти септември минатата година, околу 22 часот. Тој  бил сосед на жртвата, се префрлил преку оградниот ѕид од улицата, влегол во дворот од куќата, па откако оштетената ја отворила влезната врата, тој влегол внатре и употребувајќи сила го извршил кривичното дело. Следниот ден,  околу 11.30 часот, на истиот начин, го повторил кривичното дело.

Заради заштита на идентиетот на жртвата, осудениот е објавен само со иницијали. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »