Петар Печков
Објавено: петок, 24 јануари 2025
Средата вечер од 18 до 20ч. за два часа, тројца велешани пријавиле дека се каснати од кучиња. Ова е наведено во полицискиот билтен на СВР Велес.
На 22.01.2025 во 18.00 часот во Полициската станица Велес, А.К (62 год) од Велес пријавил дека на улица „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес бил каснат од куче скитник.
На 22.01.2025 во 18.40 часот во Полициската станица Велес, В.Ѓ.(76 год) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник.
На 22.01.2025 во 20.00 часот во Полициската станица Велес, Т.П.А.(64 год) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник.
Една пријава има и за четврток
На 23.01.2025 во 15,54 часот во СВР Велес, Д.И(50 год) од Велес пријавил дека на улица „8ма Велешка Бригада“ во Велес бил каснат од куче скитник.
Tweet |