речник контакт

Три лица отпуштени од инфективно одделение, три нови случаи со ковид -19 во Велес

На инфективното одделение лежат 14 лица позитивни на ковид-19

Петар Печков

Во изминатите 24 часа се регистрирани три  нови случаи на ковид-19 на територијата на градот  Велес, информираа од Центарот за јавно здравје. Од таму дополнуваат дека кај ново дијагностицираните лица, тимот на Центарот за јавно здравје Велес моментално вршел епидемиолошка анкета и истражување на контактите, па засега не може да се каже на кој кластер припаѓаат. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Велес изнесува 69 лица од кои 11 излечени, 3 смртни случаи и 55 активни.

Од ЈЗУ Општа Болница Велес дополнија дека на Инфективното одделение лежат 14 пациенти сите позитивни на ковид-19 а во текот на изминатите 24 часа отпуштени се три лица, две кои имале корона вирус а  последователно на двата теста биле негативни и едно лице кое било тестирано  имало симптоми ги чекало резултатите а  контролниот тест покажал негативен резултат на корона вируси. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »