Петар Печков
Објавено: петок, 15 септември 2023
Тројца велешани фатени при купопродажба на дрога. Едниот побегнал, но бил уапсен за неколку часа.
„На 13 септември во 11.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Д.Н.(21 год) и Х.М.(26 год), двајцата од Велес. Тие биле затекнати при купопродажба на дрога и се обиделе да побегнат, но набргу биле фатени и лишени од слобода. Кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин. Подоцна во 14.40 часот од слобода бил лишен и Л.М.(48 год)од Велес, кој бил со Д.Н. и Х.М. а претходно успеал да побегне“ - соопшти Билјана Ѓаковска од СВР Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.
Tweet |