речник контакт

Три медали за учениците од Рајко Жинзифов на ликовен конкурс во Бугарија

На Фестивалот стигнале 1500 цртежи, од кои 300 биле од странство од 105 учесници.

Петар Печков

На 6-тиот меѓународен конкурс  ,,Креативност без граници,, за компјутерски цртежи  кој се одржа во Хасково Бугарија, три медалји освоија учениците од ОУ Рајко Жинзифов од Горно Оризари.

Златни медали освоија Ерна Муриќ во Втората категорија  за 6 и 7 години, Петар Иванов во Третата група за возраст од 8 до 10 години и сребрен медал  за Алдина Шатара во четвртата група од 11 и 12 години.  На Фестивалот стигнале 1500 цртежи, од кои 300 биле од странство од 105 учесници.

 Пофалници добиле  Едина Кицара и  Сулејман Дациќ до 7 години, Аријалда Бајровиќ и Бениса Билаловиќ до 8 год. и Анел Шаховиќ и Амира Кицара до 12 год.  сите ученици од ОУ Рајко Жинзифов.   Учениците работеа под менторство на  наставничката Лила Арсова 

Меѓународниот конкурс за компјутерски цртеж и колаж "Креативност без граници"  Хасково 2015, е организиран од Фондацијата Еурека, "Огномет-1858 "и компјутерската школа "Вале "- Хасково. 

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »