Петар Печков
Објавено: петок, 25 септември 2020
Три нови случаи на велешани заразени со ковид-19 и еден оздравен, тоа е билансот кој го соопшти Министерството за здравство. Со ова бројката на активни случаи во велешко е 37 лица. Од нив 10 се на Инфективно одделение од велешка Болница, 26 се на домашно лекување и еден е во ГОБ 8-ми септември.
Две од ново заразените лица се членови на едно семејство а оздравениот е од Инфективното одделение - соопштија од Центарот за јавно здравје Велес.
Досега во велешко има 316 лица кои биле заразени, 264 оздравеле и 15 се починати.
На инфективното одделение згрижени се 19 пациенти, 17 од нив се потврдено позитивни за двајца се чекаат резултати, двајца пациенти се испишани како оздравени од Велес и СВети Николе, двајца се ново примени на ова одделение, од Валандово и СВети Николе - кажа д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |