речник контакт

Три нови случаи на ковид-19 во велешко, во болница се 15 пациенти

Почината е пациентка позитивна, жител на Горно Оризари

Петар Печков

Во текот на изминатите 24 часа во велешко се регистрирани три нови случаи на позитивни на ковид-19 а еден е оздравен. ова е информацијата од Министерството за здравство. Со ова бројот на активни случаи во велешко е 73 лица а досега биле заразени 5.467.

Почината е една пациентка на 73 годишна возраст од Горно Оризари, позитивна, лекувана три недели во Модуларната Болница. На кислородна поддршка се пет пациенти. Испишани се три  пациенти како оздравени со  по еден негативен тест - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес . Починатата е 173 жртва во велешко од последиците на корона вирусот.

Во велешка Болница се  хоспитализирани 15 пациенти ,  од кои седум се потврдени позитивни,еден сомнителен и седум пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување поради здравствени проблеми .

На Инфективно се згрижени шест пациенти, на Интерно пет и во  Модуларна болница четворица.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »