речник контакт

Три нови случаи позитивни на ковид-19 и петмина оздравени од велешко

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се седум пациенти, двајца повеќе од вчера

Петар Печков

Изминатите 24 часа во Велес и велешко има  три  нови случаи со ковид-19, оздравени како и вчера  се пет  пациенти. Ова се   податоците добиени  од Министерството за здравство. Бројката на активни случаи  се симна  на  26 лица.. Починати лица  од велешко нема.

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се  седум пациенти,  двајца повеќе  од  вчера. Hа Инфективно  се хоспитализирани двајца  а на Интерно се петмина   пациенти.

„Потврдено позитивни се двајца, непотврден е еден и четворица се негативни, но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка е еден  пациент “ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »