речник контакт

Три нови фестивали на културата во Велес годинава

„Велес мурал фест“, „Насмеј се“, Фестивал на џез и светска музика

Петар Печков

Освен стандардните  манифестации од културата, Рацинови средби, Фолклорен фестивал, Фестивал на атничка драма Стоби, Скулпторска колонија, кои со години се одржуваат во градот, оваа година Велес ќе добие три нови културни манифестации. Тие треба да ја збогатат културната понуда во градот

За нив се дозна на  9-та седницана Советот. Тоа се „Велес мурал фест“, „Насмеј се“, Фестивал на џез и светска  музика.  

„Велес мурал фест“  со кој се планира со мурали  да се оплеменат повеќе јавни површини во градот. Издвоени се 200 илјади денари

„Насмеј се“  манифестација од театарската уметност, кратки форми на театарски форми на претстави , кои би се одржувале на отворено и неконвенционални простори. Издвоени се 750 илјади денари

Фестивал на џез и светска  музика, манифестација,за да се збогати живеењето во градот со ваков тип на музика, кој има свои љубители во градот.  Издвоени се 300 илјади денари.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »