речник контакт

Три победи во три категории за велешките велосипедисти, на меѓународна трка

Велосипедска трка Велес- Богомила -Велес, се возеа 90 км а учествуваа 90 велосипедисти од Македонија, Албанија и Косово

Петар Печков

Во неделата се возеше друмска велосипедска трка, за Куп на Македонија. Околу 90-тина учесници од Македонија, Албанија и Косово возеа 90 км од Велес до Богомила и назад.

Кај сениорите  победи Никола Лефков, член на МВК Велес, во У-23 Виктор Ванчески исто така член на МВК Велес и кај јуниорите Тео Врондалиев и тој е член на МВК Велес. 

Јуниорите возеа на пократка релација 80 км Велес- Согле-Велес. Организатор на тркaта беше МВК ВЕЛЕС.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »