речник контакт

Три премиери неделава на 3Д киноверзум, Нинџа желките, Дракула будење на злото и Гранд туризмо

На репертоарот се и „Барби“, блокбастерот „Мег 2 патување во длабочините“ и „Сината бубичка“

Петар Печков

Наредните седум дена, три премиери, три нови филмски налови на репертоарот на 3Д киноверзум во Велес.

Секој ден од четврток до средба освен вторник, во попладневниот термин  ќе се прикажува „Нинџа желки - мутантски хаос“.  Тоа  е американски компјутерски анимиран суперхеројски филм од 2023 година, во режија на Џеф Роу, седми дел од авантурите на Нинџа желките. После долги години скриени од човечкиот свет, Нинџа желките се обидуваат да бидат прифатени од њујорчани како нормални тинејџери. Нивната нова другарка Април им помага да победат мистериозна криминална група но тие наскоро се наоѓаат во неволја кога друга група на мутанти ги напаѓа нив.

Хоророт „Дракула будење на злото“ ќе се прикажува вечерва, сабота и вторник во вечерниот термин.  Базирано на едно поглавје, дневникот на Капетанот, од класиката на Брам Стокер од 1897 година - Дракула. Оваа приказна е сместена на рсускиот брод Деметер, кој бил изнајмен да пренесува приватно карго - 24 необележани ковчези од Карпатија до Лондон. Филмот детално ќе ги опише настаните кои се случиле и како екипажот преживеал кога секоја вечер ги демнело некоја неописива појава. Кога конечно пристигнал бродот во пристаништето бил руиниран и без ниеден член од екипажот на него.

Третиот филм премиера е „Гранд туризмо“ ќе се прикажува четврток, петок, сабота, недела и вторник е американски авантуристички  .  Млад тркач на играта Гран Туризмо кој има победено неколку натпревари Нисан со своите гејмерски способности, има желба да стане вистински тркач на автомобили.

И натаму на репертоарот е филмскиот хит „Барби“ најгледаниот филм годинава во светот. Играниот филм за куклата и нејзиниот партнер Кен, петок и вторник во  попладневниот термин.

Недела и понеделник  навечер  се прикажува  блокбастерот „Мег 2 патување во длабочините“.  Џејсон Стејтам и неговиот тим се враќаат во истражувањето на Маријанската бразда, каде се соочуваат со нови застрашувачки чудовишта.  Огромните ајкули се предизвик кој треба да се совладаат. Многу адреналин во вториот филм од оваа успешна  постава од 2018-та.

Најгледаниот филм изминатиот викенд во светот американската акција, авантура „Сината бубичка“ ќе се прикаже среда навечер. .Вонземска реликвија го одбира Хаиме Рејес да му биде симбиотичен гостин. Реликвијата го опремува Хаиме со костим кој е способен да направи некои непредвидени и многу моќни потези кои засекогаш му ја менуваат судбината и го прават да стане супер херојот Синиот бумбар.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »