речник контакт

Три приватни амбуланти предвреме престанале со работа, поради лошите услови за работа на докторите

Најмалку три медицински сестри морале да одат под Бирото како невработени

Петар Печков

Овој месец март, во Велес затворени се три приватно здравствени амбуланти. Докторките иако имале можност да продолжат со работа, решиле дека подобро е да заминат во пензија. Поради тоа најмалку три медицински сестри морале да одат под Бирото како невработени. 

Причината поради која докторките ги затвореле  амбуланти биле високите давачки кои морале да ги плаќаат,  повисока струја, акредитација на амбуланта, редовни трошоци за материјал, плати за вработени, казнената политика.   

„Подолго време бараме пациенти да не бидат на доктор туку на амбуланта. Така ќе се олесни постапката при затворањето. Испишување на пациентите тогаш нема да биде така сложено а во интерес на нивното здравје“ - вели д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари.  

Изминати  пет -шест години во Македонија околу 300 лекари ги затвориле амбулантите. Од 1,4 илјади кои сега работата, околу 500 се на минимална плата, призна државата.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »