речник контакт

Три семејни насилства во Велес, во еден ден

Сите три инциденти се случиле неделата 11 јуни и не се меѓусебно поврзани

Петар Печков

СВР Велес информираше за три семејни насилства, кои биле извршени неделата, 11 јуни, но не се меѓусебно поврзани. Еве што пишува во дневниот билтен за настаните.

На 11.06.2023, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Г.Т.(34 год) од Велес затоа што во семејниот дом во Велес се заканил на неговиот татко.

На 11.06.2023, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Р.С.(25 год) од Велес затоа што по кратка расправија физички ја нападнал неговата сестра.

На 11.06.2023, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ф.Д.(37 год) од Велес затоа што во неговиот дом физички ја нападнал неговата невенчана сопруга.

Сите три лица  биле задржани во полициската станица во Велес и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »