речник контакт

Три филмски премиери прикажува Киноверзум Велес

По едномесчниот период на репризи, деновиве целосно нов репертоар

Петар Печков

Три филмови на репертоарот на Киноверзум Велес наредните денови, сите премиери. Ќе се прикажуваат три дена, четврток, петок и сабота. Остантатите денови до среда нема кино претстави. 
 
Премиера на анимираниот „Лоши момци„ дело на Дримворкс студиото.  Лошите момци се борат да најдат доверба и прифаќање во нивните новоосновани животи како Добри момци, кога се извлечени од пензија и принудени да работат „уште една последна работа“ од страна на екипа криминалци составена исклучиво од жени.  

Премиера и за романтичната комедија „Материјалист“ меѓу најгледаните филмови во светот изминатиот викенд.  Млада, амбициозна подводаџика од Њујорк, која спојува туѓи животи, но не и својот,  се наоѓа  помеѓу совршениот партнер и нејзиниот несовршен поранешен партнер. 

Третата премиера е за  „Фатен на дело“ акција, трилер. Исцрпениот поранешен бејзбол играч Хенк Томпсон неочекувано се наоѓа вмешан во опасна борба за опстанок среде криминалното подземје на Њујорк од 1990-тите, принуден да се снаоѓа во предавнички подземен свет какво што никогаш не го замислувал. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »