речник контакт

Три филмски премиери оваа седмица се на кино репертоарот на 3Д киноверзум Велес (видео)

Авантурите „Црниот ѓавоил“, „Флеш“ и цртаниот „Елементал“ премиерно пред велешката кино публика, истовремено со светската премиера

Петар Печков

Американската авантура „Црниот ѓавол“ варијанта на култниот „Ајкула“ ќе се прикажува секој ден до среда, освен петок. Пол Стурџес го носи семејството на патување во Мексико, за да ја прегледа нафтената платформа што ја поседува неговата компанија. Откако ќе пристигнат таму, тој го наоѓа местото речиси напуштено со само неколку преплашени работници кои му кажуваат дека платформата била постојано напаѓана од монструозна ајкула, која е дел од мексиканската легенда. Кога платформата тоне во водата и ајкулата ги лови, тој мора да најде начин да го доведе своето семејство на безбедно и да остане жив.

Втора премиера е филмот „Флеш“ исто така  американска авантура. Ќе се прикажува секој ден до вторник. Бери Ален ја користи својата брзина да го смени минатото, но неговиот обид да го спаси семејството,  создава свет без суперхерои, а притоа Бери мора да се трка за живот и да ја спаси иднината.

Третата премеира е цртаниот филм „Елементал“ дело на студиото на Волт Дизни.  Филмот ги следи Ембер и Вејд - необичен пар од градот каде сите елементи – огнан , вода, воздух и копно  живеат заедно. Огнената млада девојка и лабавото момче ќе откријат колку многу тие всушност имаат взаемно. Ќе се прикажува петок, сабота, недела и среда.

Единствениот филм кој е повторно на репертоарот овие седум дена, во вторник  е  цртаниот филм  „Човек пајак- ширум вселената“. Мајлс Моралес се катапултира низ Мултиверзумот, каде што наидува на тим Пајак-Луѓе задолжени да го заштитат неговото постоење. Хероите се судираат за тоа како да се справат со нова закана.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »