речник контакт

Трибините на Градски, пречка за позначајни натпревари

Подземните води пречка да се уредат трибините

Петар Печков

Со донација од УЕФА Градскиот стадион доби вештачка трева. Поради ова Во Велес  имаше одлични услови за натпревари, кога повеќето терени во земјава беа во очајна состојба. Така  Работнички, Вардар, Металург, членови на најквалитетната македонска Прва лига, играа есенва  во Велес, исто како и вторлигашот Еуромилк. Во прилог беа и новите современи соблекувални, што создадоа одлични услови за квалитетни натпревари. 

Но далеку од нив се условите за седење на  трибините.  Потоци вода, обраснати во трева, искршени, калливи, такви се трибините. Освен  нивниот краен  дел , каде се поставени неколку стотини пластични столчиња. Во очекување кога Градски ќе биде целосно завршен и публиката ќе има пристојни услови за следење на натпревари, локалната самоуправа најавува  вложување во овој спортски објект.

Проблем се подземните води. Затоа планираме да изградиме резервоар за овие води и да се изгради следниот дел од трибината. Ако успееме да ги сочуваме водите кои влегуваат на стадионот, преку дренажа, ќе биде натаму полесно да се постават столчиња, да се обнови трибината зад голот, кај влезот – најави Чадиев. 

 Тој најави дека и напролет во Велес ќе има прволигашни фудбал. Планираат да се постават околу илјада столчиња и четири рефлектори, кои во до некаде  би го осветлувале теренот. Сето тоа би се работело етапно и по неколку години Градски би добил конечен современ лик.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »