речник контакт

Триесет дена притвор за пијаниот возач кој усмрти дете на пешачки и побегна

Против А.Н. има истрага за две кривични пријави за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода

Петар Печков

На возачот А.М. (29 год) кој се сомничи дека  смртно прегази девојче на пешачки премин,  му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена. По барање на Јавен обвинител од ОЈО Велес, во текот на вчерашното попладне (понеделник), доставен бил предлог до судија во претходна постапка  од Основен суд Велес, за определување мерка притвор со цел да се обезбеди неговото присуство и непреченото одвивање на кривичната постапка.

Од обвинителството потенцираат дека осомничениот го управувал возилото под дејство на алкохол. Против А.Н. има истрага за две кривични дела.

„Донесена е Наредба за спроведување истражна постапка против 29-годишен велешанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 од Кривичниот законик“ - соопштија од ОЈО Велес.

Како учесник во сообраќајот, осомничениот  А.Н. на 17 декември под дејство на алкохол управувал автомобил „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки. На улицата „Борис Трајковски“ во Велес, околу 22,15ч. приоѓајќи на обележан пешачки премин, тој не го управувал возилото со соодветна брзина која дозволува да запре во случај на потреба и не обрнал внимание на пешаците – мајка и ќерка кои во тој момент поминувале на пешачкиот премин.

Со автомобилот, бел мерцедес,  тој удрил во мајката која паднала на земја и се здобила со телесна повреда – отворена рана на челото и во 11-годишното девојче кое од ударот било исфрлено десетина метри напред кон следниот пешачки премин, паднало и се здобило со тешки телесни повреди од кои починало на лице место. По несреќата, осомничениот не застанал да им укаже помош, туку продолжил со несмалена брзина да се движи кон населбата Превалец. За чекор пред мајката и ќерката бил таткото, кој веќе стапнал на тротоарот.

Осомничениот беше уапсен во понеделникот на пладне, 40 часа беше во бегство. Во автомобилот освен него имало и уште три лица, сопатници.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »