Петар Печков
Објавено: среда, 10 јуни 2020
СВР Велес ги објави бројките од вчерашниот ден, колку граѓаните ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19. Исто и за тоа колкумина се во изолација и самоизолација.
Во период 09/10.06.2020 година има со Изјава за самоизолација шест нови лица во Велес, во изолација нови лица нема. Вкупно со Решение во изолација има 77 во Велес а со Изјава за самоизолација има вкупно 37 од Велес.
.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки- напиша во соопштението Верољуб Додевски, портпарол ан СВР Велес. .
Во овој период за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети 36 лица во Велес со 20 евра глоба.
Tweet |