речник контакт

Трио Грациозо со концерти во Мароко

Велешанката Менка Богоевска виолинист, заедно со колешките Невенка Трајкова на пијано и Кристина Палија сопран, имаа турнеја по оваа африканска држава

Петар Печков

Македонското  Трио Грациозо, кои изведуваат дела од класичната музика, имаше концертна турнеја на Африканскито континент,   во Мароко.  Триото е е во состав доктор Невенка Трајкова  на пијано, магистер  Кристина Палија -сопран , Менка Богоевска  на виолина.

 Тие изминатите седум денови имаа три концерти и еден настап  во Мароко, во Гелаа, предградие на Маракеш, втор концерт во Ларача на фестивал ,,Ентре ритмос,,  и третиот во Тетуан. Настапиле со дела од  Бизе - Хабанерата, од  Масне, Декапуа, концертите траеле  по 45 минути што во  класичната музика се смета дека е идеално за настап.  

Многу добро не примија, уште подборо не прифати публиката.  Луѓе кои за прв пат се сретнуваат со класична музика, многу добро реагираа, со овации, со бисови.  Во Гелаа посетителите  за прв пат имаа можност да слушнат класична музика во живо, салата беше преполна. На еден од  концертите ни се случи интерсен момент, среде настап снема звук, озвучувањето занеме. Ние зачудено се погледнавме , што е сега работата. Тоаш организаторот ни објасни дека во тој момент започнал да пее оџата, по што концертот беше прекинат и по завршувањето на молитвата,  по 10-тина минути продолживме.   Така било само во малите места, не во големите градови, кои се модерни и Европски. Мароканците се  гостиљубив, љубезен народ.  Кога  минувавме низ улиците на прошетка сите радосно викаа по нас ,,Македонија, Македонија,, оти на плакатот пишуваше од каде сме - објаснува Богоевска.

Освен овие три концерти имале и еден настап, со три мумери и тоа  на отворено, преку ден, на отворањето на Африканскиот куп во триатлон. Оваа турнеја на Трио Грациози дошла преку  колеги музичарки  Бугарки, Катја Досева и  Веселина Малинова,  кои долги години  живеат во Шпанија, имаат свои невладини организации.   Клавиристката Невенка заедно студирала со Катја  и Веселина  во Софија.

Тие пак имаат тесна соработка и  проекти со Мароко,  еден од нив е  ,,Подигнување на културата во рурални средини,, . Токму преку овој проект гостувале во  оваа северно Африканса држава на Атлантикот. Тие се фасцинирани што домаќините, голем дел од  населението знае повеќе светски јазици,  освен  марокански,  знаеле и француски, шпанмски и  англиски јазик. Виолинискатата Менка сподели едне интересна епизода при нивниот  настап во Гелаа.

На првиот концерт, кога од хотелот требаше да заминеме до местото за концерт, чекавме такси. Чекаме автомобил кога ни испратија пајтон. Малку ни беше чудно, оти ние во вечерна свечена тоалета, но се качивме и заминавме. Кога во такви возила кралиските семејства можат да се возт, зошто не и ние. И додека се возевме по нас локалното население  мавташе и викаше Македонија, Македонија - додава Богоевска.  

Ова не е прва турнеја на Трио Грациози, лани имаа  во Словенија и Бугарија. Трио Грациозо се музичарки до три града, Менка е од Велес, Невенка од  Штип  и Кристина од Неготино .  Кристина и Невенка имаа заедно учено средно, а Кристина и Менка заедно работат во основното музиучко во  Штип, Кристина е професор на ФМУ во Штип.  

Веќе имаат покана за голем музчики фестивал на класична музика  во октомври во Мароко. Голема благодарност  Трите Грациози  упатија до градоначлникот на Неготино и Советот на општината,  кои финансиски го помогнале нивното патувањето за Мароко.   Тие  минатата година го добија и највисокото Општинско признание   на Неготино, наградата 8-ми ноември.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »