речник контакт

Триста лица десет часа се бореа со огнената стихија кај езеро Младост

Од есен пошумување на површините на езеро Младост

Петар Печков

Триста лица биле вклучени во вчерашното локализирање на големиот пожар, близу Велес.   Пожарникари од  Велес, Скопје, Штип, Свети Николе, Неготино, Кавадарци, Прилеп и Гевгелија, десет часови се бореа со огнената стихија. Нив им помогнаа и припадници на армијата, вработени во ЈП Македонски шуми, Дирекцијата за заштита и спасување,  ЈКП Дервен, велешките ловџии и доброволциОд велешката Болница информираа дека кај нив изминатото деноноќие, не се јавил ниту едне пациент, кој учествувал во гаснењето на огнто, а да се пожали на здравствени проблеми.  Градоначалникот на Велес, на прес конференција  им се заблагодари на сите кои помагаа. 

Упатувам јавна благодарност до сите институции, установи и поединци кои несебично се вклучија во справување со огнената стихија што вчера кобно се распосла над Велес - рече Коцевски. Апелираше до граѓаните да не навлегуваат во опожарените подрачја, бидејќи  температурата на почвата е многу висока. Тој најави дека поради зафати на далноводот од страна на ЕВН  на местото викано Бела Вода на Езеро Младост, се воведува 24 часовна забрана за движење на пешаци на пешачката патека околу езерото, во период  од 28-ти август до 3-ти септември годинава.  При гаснењето на огнената стихија хеликоптерите исфрлиле 54 тони вода а ,,ер трактор,,  авионите 20-тина тони.  

Дежурни екипи се распоредени на одредени пунктови, заради тоа што на има тлеење на жаришта и се работи на нивно гаснење. Утрово изгорената шума ја прелетуваа и исфрлаа вода, воените хеликоптери.   Уште  есенва ќе се започне со чистење на теренот  отстранување на изгорените стебла. Немало да се сади црн бор, туку багрем кој сам се обновува по природен пат. Причината што нема да се сади црн бор според  стручните лица е затоа што неговите шишарки се суви и кога истите ќе се запалат прскале како „бомби”на сите страни и допринесуваат за лесно ширење на огнот. 

До крајот на годинава најмногу што може е да се сработи е отстранување изгорени стебла, подготовка на почва и засадување нови насади е површина до 50 хектари, а во рок од една до една и пол година цела површина на езерото ќе биде обновена. За овие активности, масовно ќе ги поканиме граѓаните да се вклучат преку форми на акции за садење - најави Коцевски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »