речник контакт

Трите лица од Горно Јаболчиште се здрави и не се повеќе во изолација

Стануваше збор за едно семејство, мајка и две деца, кои патувале од Италија, заедно во автобус со сопружниците од Дебар кои се заразени од корона вирус

Петар Печков

Трите лица од Горно Јаболчиште, кои беа во домашна изолација, од денес повеќе не се. Откако мина периодот од 14 дена, колку што е предвидено да бидат во карантин, тие не се под надзор, откако докторите констатирале дека се здрави.

Заврши 14-дневната домашна изолација за овие три лица  и констатиравме дека се здрави и  не се заразени со корона вирус - изјави  д-р Бојан Тодоровски од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес. 

Стануваше збор за едно семејство, мајка и две деца, кои патувале од Италија, заедно во автобус со сопружниците од Дебар кои се заразени од корона вирус.

Надлежните апелираат доколку некое лице има симптоми на корона вирус, да се јави во Центарот за јавно здравје, никако да го посетува матичниот доктор или да оди во Итната помош. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »