речник контакт

Триумф на мотористите од Мото Велес на првата трка од ен-дуро првенството на Македонија

На патеката покрај езерото Младост многу публика и интересни мото трки и доминација на велешани

Петар Печков

Интересни трки, многу скокови и падови, виде илјадната публика на патеката покрај езерото Младост на денешната трка на ен-дуро мотори. Таа беше прва од годинешниот календар  на која учествуваа педесетина мотористи од осум клуба.  На патеката која беше специјално подготвена, со вештачки поставени препреки од автомобилски гуми, камења, песок севкупен победник е Мото Велес пред  Мото спринт од Битола. 

Во сите четири категории победија велешани. Во Е-1 прв беше Драган Ванов, во Е-3 Горан Тасиќ, во Т-1 Виктор Ефремов  сите членови на Мото Велс, додека во Е-2 победи велешанецот Тошев Валентин кој настапува за скопскиот мото клуб Брз круг. И покрај мноштвото падови и откажување поради дефекти на моторите, таа  мина без сериозни повреди . Организатор на трката беше мото клубот ,,Мото Велес,, од Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »