речник контакт

Тропско одморалиште во срцето на Германија

На 60 илјади м2 близу до Берлин германците си имаат тропско одморалиште, со палми, лагуни...

Петар Печков

 На само 60 км од Берлин се наоѓа вештачко тропско одморалиште "Tropical Islands",, дом на најголемата тропска шума во Европа, со автентични куќи и ресторани, плажи со бел песок, со лагуни и тропско сино море.  Овој огромен простор личи на авио- хангар и има површина од 60 илјади метри квадратни. Во неговата изградба потрошени се 14 илјади тони челик и материјал за осум фудбалски стадиони.

Со неговите 5,5 милиони кубни метри вода, тоа е една од најголемите градби на Земјата по обем, и најголема хала без потпорни столбови. Во внатрешноста се наоѓа најголемата затворена мини прашума со 30 илјади видови билни видови. Тропското одморалиште  во срцето ан Европа има билки месојадци, банани, кафе, лијани од џунглата и други егзотични растенија.

Гостите можат да уживаат во 200 метри долгата плажа, да пливаат во вештачкото море со бранови на 26 степени Целзиусови константно во текот на целата година. Во морето има и острови, на кои пак се изградени  живописни дрвени колиби. Комплексот е отворен 365 дена во годината, 24 часа на ден. Располага и со огромен базен кој може да прими 8 илјади посетители, тобоган, мини голф.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »