речник контакт

Троската кај Топилница ќе се изнајмува за економска експлоатација

Наскоро ќе се распише и Јавниот повик а ќе се издава на електронска аукција

Петар Печков

Започна постапката со која троската, лоциран кај велешката Топилница  ќе се понуди за експлоатација. Набргу се очекува да биде објавен и јавниот повик, со кој таа ќе се понуди за експлоатација.  На овој начин треба да се елиминира скриениот загадувач на велешани, резултат на работата на некогашната Топилница. Постапката ја спроведува Министерството за економија,  согласно Законот за    минерални суровини и Законот за концесии и јавно приватно партнерство.

Одлуката за започнување на  постапка за доделување на концесија за експлоатација на техногена минерална суровина  -троска е објавена во Службен весник  од 14-ти јули  годинава. Целта е да се отстранaт штетните влијанија од депонијата со згура, која е резултат на три децениското работење на велешката Топилница.

Таа е тешка 1,7 милиони тони, и во неа има 8 отсто цинк и еден отсто олово, што овозможува економска експлоатација. На оваа тема пред неколку години,  беа изготвени два независно изработени проекти, од странски и домашни експерти, кои покажа дека од депонијата може да се заработи.  

Најисплатлив начин е троската  да се преработи а остатокот да се употреби во градежна индустрија за цемент, од што може да се заработат 317 милиони евра наспроти вложените 82 милиони. Постои и варијанта да се транспортира згурата во странство, на пример Кина или Бугарија од каде ќе се заработат 216 милиони евра а ќе се потрошат 12,5. Трета солуција е таа да се преработи од што ќе се добијат 216 милиони а остатокот да се врати на постојната локација и трошокот изнесува 89 милиони евра. Има две варијанти кои се економски не исплатливи, покривање на депонијата со глина или нејзино дислоцирање, што чинат 9,6 односно 33 милион евра - пишуваше во еден од проектите.

Во троската има тешки метали, олово и кадмиум, кои се опасни по здравјето на луѓето, во случајот велешани. Доктор Михајло Кочубовски  од  Републичкиот ЈЗУ ,,Центар за  јавно здравје,, кој го испитуваше здравјето на велешани во повеќе наврати потенцираше дека  актуелна опасност  по велешани е јаловиштето.  

Проблем создава јаловиштето кога дуваат силни ветрови или од дождови, кога подземните води можат да ја загадат околината и овој проблем треба да се санира - смета д-р Кочубовски.

 Токму затоа е започната и постапката за доделување на концесија за експлоатација на троската.  На почетокот од  минатиот месец формирана е комисија за спроведување на постапката. 

Комисијата за спроведување на постапката за доделување на концесиja согласно Законот за Концесии и јавно приватно партнерство го изготви Јавниот повик и Тендерската документација. Во тек е Владина процедура за одобрување на Јавниот повик и Тендерската документација, за потоа истиот да се објави.   Дури потоа ќе се знае дали ќе има заинтерезирани субјекти за експлоатација  на троската - изјави Наим Вренези портпарол на Министерството за економија.  

Доделувањето на концесиjaта ќе биде по  електронски пат и електронска аукција, и  со надавање јаловиштето ќе го добие  најповолниот понудувач.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »